Трамп пристигна во Виетнам: Се очекува да се сретнат со Ким Јонг Ун – ММС
ММС

Објавено на: 02/26/19 5:11 PM

Трамп пристигна во Виетнам: Се очекува да се сретнат со Ким Јонг Ун

Американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, денеска пристигнаа во Виетнам на вториот Самит кој треба да се одржи на 27 и 28 февруари. Тие ќе разговараат за севернокорејската нуклеарна програма и ракетните програми. Има шпекулации дека двајцата лидери ќе разговараат и за формален крај на Корејската војна, која е замрзната со договор за примирје во 1953 година.

Пред да замине од Вашингтон, Трамп на Твитер објави: „Со целосна денуклеаризација Северна Кореја брзо ќе стане економска сила. Без тоа, пак, ќе остане на исто ниво. Претседателот Ким ќе донесе мудра одлука!“, напиша Трамп.

Говорејќи на собирот на гувернери во Белата куќа на 25 февруари, Трамп рече дека Самитот во Виетнам ќе биде неверојатен.

Трамп и Ким на првиот Самит во Сингапур во јуни 2018 година разговараа за денуклеаризација на Северна Кореја, но преговорите за тоа прашање одат отежнато.