Над 20 лица повредени во пожарот кој избувна на градсскиот пазар во Тузла – ММС
ММС

Објавено на: 02/26/19 5:03 PM

Над 20 лица повредени во пожарот кој избувна на градсскиот пазар во Тузла

Пожарот, кој избувна на градскиот  пазар во центарот на Тузла, речиси целосно го уништи, а над 20 лица се повредени. Пожарникарите успее да го локализираат пожарот.

Иако првичната информација беше дека претходна експлозија на плинска боца го предизвикала пожарот, тоа со сигурност се уште не може да се тврди иако пазаржиите го велат тоа. Огнот избил во делот каде што се продава облека и пластика, кои се лесно запаливи, и брзо се проширил.

Началничката на Брзата помош Лејла Калуглија Мемишевиќ потврди дека има над 20 повредени, но дека ниеден не е животно загрозен.

Ова е втор поголем пожар на пазар во Тузла во последните години. Во мај 2017 година целосно изгоре „пазарот за стари работи“ во населбата Сјенак, во источниот дел на Тузла.