Шок за „црвените“: Ливерпул остана без Фирмино на долг рок – ММС
ММС

Објавено на: 02/26/19 4:26 PM

Шок за „црвените“: Ливерпул остана без Фирмино на долг рок

Во периодот кога тимот се соочува со резултатска и играчка криза, Јирген Клоп нема да може да смета на еден од најдобрите во составот Роберто Фирмино.

Бразилецот се повреди на мечот против Јунајтед, а деталните прегледи открија дека е сериозно и дека тој нема да биде на располагање неколку недели. Неговото место може да го пополни Шаќири, Лалана или Кеита, но ниеден од нив тројца нема офанзивни карактеристики како Фирмино.

Утре Ливерпул го пречекува Ватфорд, а веќе в недела гостува кај градскиот ривал Евертон во меч кој може да биде многу важен во борбата за шампионската титула. До крајот на сезоната на тимот од Енфилд му остануваат и дуели со Тотенхем и Челси на домашен терен.