Поминаа два дена од финалето во Луга Купот и сцените помеѓу тренеро на Челзи, Маурицо Сари и голманот Кепа Аризабалага.
Италијанскиот стратег, Сари денес имаше излагање пред медиумите воочи утрешниот меч од Премиер лигата против Тотенхем. Новинарите го прашаа за случувањата од финалето против „граѓаните“, а тој даде интересен одговор:
„После неделата за мене работата е готова. Не сум веќе под притисок, мора да ги прашате одговорните луѓе во клубот. Не знам зошто ме прашувате мене. Сакам да победам на секој меч“.


