Сари: После неделата за мене работата е завршена – ММС
ММС

Објавено на: 02/26/19 4:18 PM

Сари: После неделата за мене работата е завршена

Поминаа два дена од финалето во Луга Купот и сцените помеѓу тренеро на Челзи, Маурицо Сари и голманот Кепа Аризабалага.

Италијанскиот стратег, Сари денес имаше излагање пред медиумите воочи утрешниот меч од Премиер лигата против Тотенхем. Новинарите го прашаа за случувањата од финалето против „граѓаните“, а тој даде интересен одговор:

„После неделата за мене работата е готова. Не сум веќе под притисок, мора да ги прашате одговорните луѓе во клубот. Не знам зошто ме прашувате мене. Сакам да победам на секој меч“.