Пилатес е фитнес систем, создаден од Џозеф Пилатес во почетокот на 20-тите години во Германија. Тој претставува серија од контролирани движења, кои се изведуваат или на специјални справи (реформатор) или на подот.
Методата Пилатес се фокусира врз подобрување на флексибилноста, силата и сознанието за вашето тело, без непотребно трупање на маса.
За време на една сесија пилатес, треба постојано да се концентрирате длабоко на вашите централни мускули (стомакот, долниот дел на грбот, колковите, задникот и бутовите), на контракциите на мускулите, на дишењето и на квалитетот (а не квантитетот) на вашите движења.
Целта е да се координираат умот, телото и духот, нешто што Џ. Пилатес го нарекувал „контрологија“.
Некои од придобивките на пилатесот:
- ги зајакнува и тонира мускулите, без да се оформува непотребна мускулна маса;
- ја подигнува свеста за вашето тело;
- го подобрува држењето на телото;
- го зајакнува ‘рбетот и го прави пофлексибилен;
- ја подобрува циркулацијата;
- ги олеснува болките во грбот;
- ја подобрува рамнотежата;
- добивате поголема контрола над дишењето;
- го намалува стресот, напрегнатоста и ви дава енергија;
- ве учи како да ги координирате телото, умот и духот;
- го подобрува вашиот изглед и ви ја зголемува самодовербата.