Струмичани му одадоа почит на Борис Трајковски – ММС
ММС

Објавено на: 02/26/19 3:59 PM

Струмичани му одадоа почит на Борис Трајковски

Струмичани му одадоа почит на трагично загинатиот претседател Трајковски .Пред споменикот Македонија положија свежо цвеке при што беше потенцирано дека 15 години по неговата смрт државата станува членка на НАТО што беше сон на Трајковски

,,Едниот сон на Борис Трајковски се исполни а вториот е на прагот“, истакна претседателот на Своетот на општина Струмица Марјан Даскалоски на одбележувањето на годишнината од смртта на Трајковски пред споменикот ,,Македонија“ подигнат во негова чест.

Членови на семејството , граѓани , роднини и пријатели денеска се поклонија пред ликот и делото на трагично загинатиот претседател Трајквоски кој се гордееше со Струмица