Каналот за наводнување Здуње – Пирок пак се дави во разновиден отпад. Од АД водостопанство подружница Полог, велат дека во овој период од годинава па се до доцна есен, непотребните работи од домаќинстватат и разен отпад од кои луѓето се ослободуваат завршуваат во каналот.
По топењет на снегот, сметот во каналот за наводнување Здуње- Пирок излезе на површина. Од АД Водостопанство подружница Полог, велат дека последниве неколку недели забележале дека голем број граѓани кои живеат покрај каналот ги чистат домовите и сметот го фрлаат во самиот канал.
Од АД Водостопанство подружница Полог, минатата година реагираа што во каналот се фрла се и сешто, и во него според нив се испуштаат и фекалии од домаќинствата.
Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари по нивната реакција најави дека инспекциските служби ќе го контролираат теренот околу каналот и секој кој фрла смет во него ќе биде соодветно казнет. Но досега според АД водостопанство. никој не е казнет и на терен нема никакви инспекциски служби.
Инаку каналот за наводнување Здуње – Пирок е наменет за 3000 хектари земјоделска површина.
Зоран Димовски


