Лековитата моќ на бозелот: Се што не сте занеле за него – ММС
ММС

Објавено на: 02/26/19 1:06 PM

Лековитата моќ на бозелот: Се што не сте занеле за него

Латинското име е Sambucus nigra, а во нашата традиционална медицина бозелот уште се нарекува боз. Расте насекаде, на влажни и запуштени места, но и покрај патишта и во дворови. Цвета во мај и во јуни, а созрева во септември. Младите листови се берат во април и мај, а цветовите се берат за време на цветањето во мај и јуни, кога имаат убава млечно бела боја. Подоцна во летото ја менуваат својата боја и тогаш веќе не се погодни за употреба. Исто така важно е да се спомне дека собирањето на цветовите се прави по суво и сончево време, инаку брзо ја менуваат бојата и го губат квалитетот.

За бозелот се смета дека поседува антивирално, антиоксидансно и антиканцерогено дејство. Особено е богат со флавоноиди кои го спречуваат клеточното оштетување. Еден од најзначајните ефекти од чај од бозел е стимулација на потењето и мокрењето што потекнува од способноста да го намали прагот на дразба на центарот за терморегулација. Чајот може да го приготвите од листовите и од цветовите.

Позитивните ефекти од потењето се намалување на телесната температура и ослободување од натрупаните токсични материи, па така овој чај може да биде ефикасна терапија за сите заболувања пропратени со висока температура како вирусните инфекции, грип, настинки, ревматски заболувања, бронхитис, почетни стадиуми на воспаление на белите дробови.

Истражувањата покажале дека бозелот може да ги намали симптомите, но и да го скрати времетрањето на грипот.

Чај од бозел се приготвува така што 50 грами свежи или сушени цветови ќе се прелијат со 1 литар вода и ќе се остават така околу 10 минути. Чајот потоа се процедува и се пијат по неколку шолји на ден.

Исто така се користи и плодот од бозел, кој созрева во септември. Плодовите се во вид на бобинки и од нив може да се прави џем и вино. Плодот од бозел, богат со витамин Ц и антоцијанини, е ефикасен лек за ослободување од грчеви во стомакот, гасови и опстипација, затоа што ја стимулира работата на дигестивниот тракт.

Сокот од бозел е освежувачки пијалок, кој секој може да го пие во топлите летни денови. Рецептот е следен: 7 литри вода се зовриваа, па се лади. Цветовите се ставаат во водата заедно со 1 кг шеќер и сок од 7 лимони. Се остава да отстои 1-2 дена, па се прецедува во шишиња и се пие после 6 недели.