Филип Петровски бара ДИК да му овозможи да собира потписи за кандидатура за претседателските избори – ММС
ММС

Објавено на: 02/26/19 10:07 AM

Филип Петровски бара ДИК да му овозможи да собира потписи за кандидатура за претседателските избори

Поранешниот директор на Државниот архив и приврзаник на движењето „Македонија блокира“, Филип Петровски бара Државната изборна комисија да му овозможи да собира потписи за кандидатура за претседателските избори, откако на 23 февруари почна иницијатива за собирање десет илјади потписи за кандидатура за претстојните избори во април.

Тој денеска јавно истакна дека и по три дена, во дипломатско конзуларните претставништва не е овозможено Македонците од дијаспората да ги остварат своите уставни и законски права. Според Петровски, со оневозможувањето на Македонците во дијаспора слободно да ја изразат својата поддршка депонирајќи го својот потпис на листата за негова кандидатура, тие се ставени во обесправена положба.

Тој тврди дека од ДИК му предочиле дека досега немаат организирано собирање потписи во дијаспората, но дека со тоа ќе се започне во овие претседателски избори. Петровски јавно апелира до Комисијата, таа да ги достави до дипломатско конзуларните претставништва неговиот образец за собирање потписи како и нотарски завереното полномошно.