Утре прекин во снабдувањето со струја во тунелите на автопатот кај Демир Капија – ММС
ММС

Објавено на: 02/26/19 9:47 AM

Утре прекин во снабдувањето со струја во тунелите на автопатот кај Демир Капија

Утре во периодот од 9:30 часот до 10:00 часот ќе има прекин во напојувањето со електрична енергија во тунелите на автопатот кај Демир Капија.

Како што соопштуваат од ЈП „Македонија Пат“ прекинот во снабдувањето со струја е поради изведување електричарски работи од страна на екипи на ЕВН.