На референдумот што се одржа во неделата, 87 отсто од излезените избирачи го поддржаа предлогот на новиот Устав на Куба, соопштија, како што пренесуваат светсите агенции, официјалните кубански органи.
Уставот што во моментот е на сила бил изгласан во 1976 година, а со завчерашниот референдум се предвидува задржување на еднопартискиот систем и на планската економија, но и да има модернизирање на определени финансиски, изборни и кривични закони.
Во новиот Устав, кој ќе го замени стариот од 1976 година, постојат одредби што се однесуваат на пазарот и на признавањето приватна сопственост, странски инвестиции, право на правен застапник при апсење… Новиот Устав ја воведува и фунцијата премиер и го ограничува мандатот на претседателот на државата.


