Лероа: Трајковски не беше популарен кај народот, не го кажуваше тоа што сака да го чуе – ММС
ММС

Објавено на: 02/25/19 8:03 PM

Лероа: Трајковски не беше популарен кај народот, не го кажуваше тоа што сака да го чуе

Ален Лероа, поранешниот специјален претставник на ЕУ во Македонија, на вечерашната дебата за покојниот претседател Борис Трајковски,  посочи дека потпишувањето на Охридскиот договор не беше лесна задача за државата и за претседателот Трајковски. Дипломатот додаде дека верува оти во тоа време Трајковски не бил многу популарен кај народот, бидејќи, како што рече, беше храбар и не го кажуваше тоа што сакаше народот да го чуе, туку вистината.

– Во тоа време речиси секојдневно се гледав со претседателот Трајковски кој беше опседнат со судбината на земјата. Беше голем државник со високи вредности и вистински демократ кој ги ценеше луѓето. Сите лидери имаа целосна доверба во него и во неговата визија. Тој беше секогаш достапен кога требаше да се донесе некое важно решение. Имаше емпатија за сите. Доколку не го направеше тоа што го направи ќе беше могу страшно и ќе имаше граѓанска војна. Благодарение на него помалку луѓе загинаа, рече Лероа и додаде дека Трајковски беше вистински човек за помирување.

Верувам дека претседателот Трајковски, нагласи, беше инспирација за одллуките што ги донесоа актуелните политичари за отворање на евроатлантскиот пат на земјата.

– Верувам дека неговите вредности ќе останат инспирација за сите лидери во оваа земја, но исто така и во Европа. Соработував со него и можев да ја видам неговата визија и неговата одговорност во преземањето одлуки во корист на сите луѓе и во корист на земјата, потенцира Лероа.