Човек на Меркел ќе ја советува македонската влада – ММС
ММС

Објавено на: 02/25/19 6:43 PM

Човек на Меркел ќе ја советува македонската влада

Валтер Дефа, од денеска е специјален советник во Владата, номиниран од Владата на Германија. Дефа, кој како искусен професионалец се очекува да даде поддршка на Владата во спроведување на економските политики. Новиот советник доаѓа на предлог на канцеларката Ангела Меркел, кој платен од германската влада, ќе работи и со тимот економски министри во Владата.

Дефа е првиот од најавените двајца советници што треба да ра ботат со македонската влада. Германскиот експерт денеска се сретна со премиерот Зоран Заев, кој во оваа прилика истакнал дека меѓу приоритетите на нашата земја е профилирањето на стручна работна сила за потребите на странските инвеститори.

Валтер Дефа е долгогодишен претставник на СР Германија во Европската Комисија, каде што извршувал повеќе должности меѓу кои како позначајни се издвојуваат неговите работни обврски како директор на Генералниот директорат за регионална политика, како и неговото раководење со Генералниот директорат за даноци и царини на Европската Комисија, соопшти прес службата на македонската влада.

Македонските влади и премиери имаа интересна историја со странски советници, кои во изминатите години доаѓале и на иницијативи на пријателски влади. Никола Груевски на почетокот од мандатот го советуваше една од најпознатите европски антикоруционерки, Романката Моника Маковеј. Со стаж на советници во Македонија се и југословенскиот реформатор Анте Марковиќ и Германецот Тео Вајгел, а во мемоарите на Стојан Андов е сведочењето за понудата на амерканските пријатели  болната трансформација на општествените претпртијатија да ја заврши екпсертот што ја препороди Естонија. Американскиот економист никогаш не добил прилика да работи на темата, иако поминал два-три месеци во Македонија, бидејќи неговите услуги тогашната влада ги игнорирала.