Лани во Турција биле убиени 440 жени – ММС
ММС

Објавено на: 02/25/19 6:40 PM

Лани во Турција биле убиени 440 жени

Лани во Турција биле убиени 440 жени – покажуваат податоците на невладина турска организација. Според платформата „Ќе ги запреме убиствата на жените”, годинава пак, само во првиот месец, биле убиени 43 жени.

Информациите на организацијата говорат дека има зголемување на бројот на убиства во Турција во последните години – пишува „Хуриет Дејли њуз“.

„Во 2017 година во земјата биле убиени 409 жени.  Формите на насилство врз овој пол се менуваат. Расте бројот на убиства од непознати сторители. Многу кривични дела се прикриени“, вели претставничката на платформата, Фидан Атаселим. Според неа, државните агенции „треба да бидат на страната на жените”, а полицајците треба темелно да ги собираат и анализираат доказите во случаите на убиства на жени.

Станува сè потешко да се идентификуваат извршителите на убиствата, бидејќи случаите не се прифаќаат сериозно – потенцира адвокатката Лејла Сјурен.

Во Турција, ако жртвата е жена, не се вршат истраги – додава таа.