Какви се’ операции се прават во приватните ординации? – ММС
ММС

Објавено на: 02/25/19 6:08 PM

Какви се’ операции се прават во приватните ординации?

По смртта на 38-годишниот Булент Ибрахим, кој ласерски се оперираше од хемороиди, Државниот санитарен и здравствен инспекторат изрече три забрани. Едната е на докоторот што го оперираше во изнајмена сала, д-р Звонко Николовски, кој не смее да оперира во други сали. Втората е за ординацијата каде ја извел интервенцијата  ПЗУ „Д-р Сци.мед. К. Митаноски“, сопственост на пензиониран лекар. Носителот на дејноста, кој потврдил дека е пензионер, има рок од три дена да ја достави целокуната документација околу овој случај, во кој се вклучува и полицијата. Покрај Државниот санитарен и здравствен инспекторат, во испитување на околностите за смртта на Ибрахим, се вклучува и специјално формирана комисија на Министерството за здравство.

-Понатаму ќе утврдуваме дали е тоа законски или не и да ни достави документи како таа соработка  и кои други, освен со д-р Звонко Николовски соработува. Бидејќи овие документи нема да бидат само од наша надлежнност, ние ќе ги известиме соодветните инсититуции, кои би требало да постапат по добиените податоци, изјави Ирина Сотирова Бухова, директор на ДСЗИ.

Како што дознаваме, на починатиот Ибрахим, при ласерската интервенција случајно му било дупнато дебелото црево. Откако се пожалил на висока темепература, лекарот што го оперирал го лекувал во домашни услови, по што, откако му се влошила состојбата, бил пренесен во ГОБ „8 Септември“, каде, по неколку часа починал, најверојатно како последица на загадување на крвта.

Инспекторатот , при направената инспекција на ординацијата ПЗУ „Д-р Сци.мед. К. Митаноски“, не нашол дневник за изведени хирушки интеревнеции во ординацијата, како што налага законот. Пред инспекторите  треба да се достави договор и број на интервенции кои се вршени таму.

Третата забрана е за ПЗУ „Јанита“ за вршење на здравствена дејност, заради вршење на здравствена дејност надвор од дадената дозвола од Министерството за здравство, односно вршење на интервенции во простории кои не се опишани во решението од Mинистерството“.

Инспекторите испитуваат од кога носителот на дејност од ПЗУ „Јанита“ врши интервенции во просториите на специјалистичката ординација по пластична и реконструктивна хирургија на ПЗУ „Д-р Сци.мед. К. Митаноски“. Исто така ќе се утврдува врз основа на кој документ се врши тоа, како и на колку пациенти до сега е интервенирано во овие простории.

Електронскиот медиум НОВА објави  дека докторот кој го оперирал сега починатиот Булент Ибрахим имал поголема листа на интервенции кои ги нудел, иако за тоа немал операциона сала.

Уште една загатка за инспекторите е како  Министерството за здравство издало дозвола за вршење на хируршки интервенции кога ПЗУ „Јанита“нема сопствена опарциона сала.