Од 5.000-10.000 евра грант од државата за самовработување – ММС
ММС

Објавено на: 02/25/19 5:33 PM

Од 5.000-10.000 евра грант од државата за самовработување

Самовработувањето со грант преку програмата за подршка на вработување на млади лица до 29 години лица со попреченост и жени од ранливи категории – приматели на социјална помош, жртви на семејно насилство, самохрани мајки и слично е најпривлечна мерка за гостиварци. Лани преку оваа мерка во Гостивар биле отворени 80 фирми.

Државата преку оваа мерка дава грант од 5.000 евра за физичко лице и 10.000 за правно лице. Средствата се неповратни. Од гостиварскиот Центар за вработување, велат дека младите покажуваат интерес за разработување на  бизниси од најразлични области, како и за формализирање на веќе постоечки бизниси

Освен парични средства  на невработените преку оваа мерка им следува и експертска поддршка, обука за претприемништвото и водење бизнис, ваучер систем за изработка на бизнис план и поддршка при регистрирање на фирмите.

Лицата со попреченост пак кои ќе отворат правни лица, односно фирми, имаат можност за дополнителен грант за нови вработувања и тоа во износ од 92.000 денари за вработување на лице на возраст над 29 години или 150 илјади денари за вработување на лице до 29 години.

Инаку, Агенцијата за вработувaње го објави огласот за самовработување со грант преку прогрмата за поддршка на вработување на млади лица до 29 години лица со попреченост и жени од ранливи категории – приматели на социјална помош, жртви на семејно насилство, самохрани мајки и слично.