Пандев доби италијанско државјанство – ММС
ММС

Објавено на: 02/25/19 4:51 PM

Пандев доби италијанско државјанство

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев од денеска и официјално има италијанско државјанство, за што тој се „пофали“ на социјалната мрежа Фејсбук.

„Многу сум среќен, после речиси 18 години претстој во Италија. Долго време се чувствувам како Италијанец. Им благодарам на сите, за мене ова е голем момент“, изјави Пандев по добивањето на државјанството.

Популарниот Гоче стана Италијанец после 18 години минати на Апенините.

Напаѓачот на Џенова во Италија дојде во 2001 година од струмичка Беласица како младинец во школата на Интер, а потоа преку Специја, Анкона, Лацио Интер, Наполи и сега Џенова, изгради голема кариера, во која 2010 година беше негова златна со освојување на сите можни трофеи (скудето, куп, ЛШ, светска титула) во дресот на „нераѕурите“.

Пандев од поодамна објави дека сака да остане да живее во Италија по завршувањето на фудбалската кариера, а веќе неколкупати посочи дека желба му е кариерата да ја заврши во Џенова.