Кој лаже? Богоевски тврди дека пратеничката од ДУИ не му одговарала на повиците – ММС
ММС

Објавено на: 02/25/19 4:31 PM

Кој лаже? Богоевски тврди дека пратеничката од ДУИ не му одговарала на повиците

Сценарио и саботажа на ДУИ и ВМРО ДПМНЕ се зборовите што денеска ги употреби Павле Богоевски, претседател на собраниската Комисија за мандатно-имунитетно прашања за да одговори што се случувало со предлогот за одземање на имунитетот на Трајко Вељаноски.

За Богоевски, проѕирна лага е обидот на Артан Груби да ја префрли вината на Комисијата и нејзиниот претседател.

-Кога се гласаше на Комисијата, јас во три наврати се обидов да најдам колешката Мирсада Емини-Асани, но два пати ми спушташе, а потоа третиот пат, најверојатно по грешка се јави и 12 секунди ми молчеше во слушалка. Од тогаш јас престанав да се обидувам. Немав потврда ниту дека ќе дојде, ниту дека возило е испратно по неа да дојде, рече Богоевски.

Пратеничката од ДУИ, Мирсада Емини – Асани, која е заменик член во комисијата, тврдеше дека во саботата вечер, додека се очекуваше да се донесе одлука  за имунитетот на Вељаноски, тргнала од родниот Гостивар да го замени болниот колега, ама задоцнила.

Павле Богоевски, објаснувајќи ја ситуацијата во која се нашла комисијата,рече дека единствена полоша работа од тоа оваа комисија да нема став, е да нема кворум и врз основа на тоа да не може да гласа.

-Доколку чекавме со гласањето, се’ што требаше е пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да се во салата, во која во тој момент, колешката Мирсада Емини-Асани не беше присутна и немаше да имаме кворум, немаше да може да гласаме и немаше да поднесеме извштај во роковите до пртседателот на Собранието.На крајот порачувам нека престанат да лажат и да ја манипулираат јавноста. Единствената одговорност е кај Џафери и кај ДУИ. Кога ќе ги земеме сите три работи во предвид, најпрво да се саботира работата на Комисијата, потоа и на пленарната седница, а на крај и да се чека да помине полноќ, тоа дава до знаење дека ова е однапред испланирано сценарио, рече Богоевски.