Мурињо најави враќање на тренерската позиција, еве и кога – ММС
ММС

Објавено на: 02/25/19 4:15 PM

Мурињо најави враќање на тренерската позиција, еве и кога

Жозе Мурињо во моментов ужива во својата работа како коментатор за фудбалските случувања на телевизијата „Russia Today“.

Португалецот кон крајот на минатата година доби отказ од Манчестер Јунајтед кој за тоа мораше скапо да му плати на „Специјалниот“.

По ова Мурињо се поврзуваше со голем број европски клубови, но не сакаше да се впушта во неизвесна авантура среде сезона.

„Во оваа краткотрајна фаза од мојот живот која, се надевам, ќе трае само до јуни, сакам да дознаам што другите би направиле во одредени ситуации. Сега не се фокусирам на себе, туку ги анализирам потезите на другите“, изјави Мурињо за шпанските медиуми и така можеби и најави големо враќање во тренерските води.