Голманот на Челзи, Кепа Аризабалага се огласи по синоќешниот инцидент кога одби да го напушти голот по барање на тренерот Маурицио Сари. Во финишот од финалето на Лига купот против Манчестер сити, италијанскиот стручњак побара Кепа кој претходно се жалеше на повреда да биде сменет, но младиот Шпанец не ја испочитува одлуката на Сари. Тоа предизвика бес кај тренерот кој во еден момент тргна кон соблекувалните, но сепак се врати на клупата за резервни играчи.
Потегот на голманот наиде на остри осуди од фудбалската јавност низ целиот свет, но Кепа има објаснување за целата ситуација.
– Жалам што не го освоивме трофејот. Исто така жалам поради начинот на кој се заврши натпреварот. Сакам да објаснам дека во прашање е недоразбирање. Сари сакаше да ме смени мислејќи дека сум повреден. Јас сакав да му објаснам дека сум во состојба да бранам. Целосно го почитувам тренерот и неговиот авторитет, изјави голманот на Челзи.
Натпреварот заврши со победа на Манчестер сити на пенали со 4:3.
ува еластичноста и влажноста.
* Ако имате проблематична кожа – изгмечете шака бобинки од грозје и помешајте ги со лажица овесни снегулки. Смесата нанесете ја на лицето, почекајте петнаесетина минути и исперете со млака вода.
* За оние кои имаат масна кожа – згмечете неколку бобинки од грозје за да добиете две лажици сок, помешајте ги со жолчка од јајце и матете додека да добиете хомогена смеса. Потоа, со мешање, ставете скроб или пченично брашно додека не добиете маса со густина на тесто. Со оваа смеса намачкајте го лицето, почекајте петнаесетина минути и исперете со вода.
* Доколку вашата кожа е чувствителна – исцедете сок од неколку бобинки грозје така што ќе добиете две лажици сок, помешајте ги со лажичка јогурт и лажица мед. Со добиената смеса намачкајте го лицето, почекајте дваесет миути и измијте го лицето. Оваа маска ја смирува кожата.


