Невин поминал 39 години во затвор, сега ќе добие 21 милион долари – ММС
ММС

Објавено на: 02/25/19 2:06 PM

Невин поминал 39 години во затвор, сега ќе добие 21 милион долари

Американецот Грег Коли не требало да помине невин 39 години во затвор. За тоа се сложуваат сите, исто како и за тоа дека остатокот од животот треба да го помине како богаташ.

Откако претходно бил ослободен од обвинението, во саботата судот во калифорниски град оддалечен 60 километри од Лос Ангелес објави дека сака да се спогоди и на Коли да му се исплатат 21 милион долари бидејќи речиси четири децении ни виновен ни должен поминал во затвор, неоправдано осуден за убиство на жена и на нејзин четиригодишен син.

– Ги нема тие пари што би му го надоместиле тоа што му се случи на г. Коли, но мислам дека спогодбата е исправна и и за него и за нашата заедница – вели градоачалникот.

Многу често погрешно обвинети и осудени мора да се впуштаат во долготрајни правни битки за обештетување, а овој пат тоа не беше случај, јавува СНН.