Исклучително чесен Босанец во повеќе наврати вратил изгубени богатства без да бара награда – ММС
ММС

Објавено на: 02/25/19 12:47 PM

Исклучително чесен Босанец во повеќе наврати вратил изгубени богатства без да бара награда

 

Реџо Хамзиќ е неверојатен хуманист и чесен човек, кој некогаш, поради хуманоста, често бил на насловните страници на весниците, а на неговата приказна деновиве потсетуваат некои медиуми.

Во 1985 пред болницата во Фоча пронашол 16.500 тогашни германски марки, а во 2000 година во два наврата нашол 35.000 конвертибилни марки (КМ) на паркинг во Горажде, а потоа уште 45.000 КМ на улица во Сараево. Секој пат целата сума Реџо им ја враќал на сопствениците, одбивајќи било каков надоместок или награда.

Во пролетта 2002 година Хамзиќ пронашол дури 235.000 КМ, кога тој работел за 3 КМ дневно на паркинг во Горажде. Торбичката што случајно ја нашол ја однел дома и детаљно ја прегледал. Во неа немало никакви документи, па објавил оглас на локалната телевизија во Горажде дека нашол пари и оти го бара сопственикот, но, итро, не ја објавил сумата.

Се јавиле дури 17 измамници. Никој од нив не знаел поедности за парите и колку биле. Дури потоа се јавило семејство од Ужице, Србија, со точен износ и детањи како биле скапувани парите. Реџо му ги вратил сите пари на семејството, кое продало имот во Босна и Херцеговина за лекување дете болно од рак. Му понудиле награда од 20 отсто од пронајдените пари, но Реџо само им рекол на родителите тоа да биде негов придонес за лекување на болното дете.