Американски разурнувач влезе во Одеса – ММС
ММС

Објавено на: 02/25/19 12:41 PM

Американски разурнувач влезе во Одеса

Ракетниот разурнувач „Доналд Кук“ на воената морнарица на САД влезе во морското трговско пристаниште на Одеса. Како што наведува порталот „Думска“, бродот таму ќе остане до 27 феруари.

Разурнувачот во водите на Црното Море се наоѓал од 19 февруари. Командата на американската Шеста флота соопшти дека „Доналд Кук“ спроведува операции за осигурување на безбедноста на море. Бродот учествувал во воена вежба заедно со турска фрегата, а се планира и вежба со бродови на украинската воена морнарица, пишува порталот.

Ова било второ влегување на „Доналд Кук“ во водите на Црното Море во последната година. Руски воени бродови ги следеле активностите на „Доналд Кук“.