Опозициските проруски Социјалисти водат на изборите во Молдавија – ММС
ММС

Објавено на: 02/25/19 10:34 AM

Опозициските проруски Социјалисти водат на изборите во Молдавија

Врз основа на 98 отсто од пребројаните гласови на вчерашните парламентарни избори во Молдавија, кои би можеле да ги продлабочат поделбите меѓу Молдавците на прозападни и проруски, Социјалистие освоиле 31,4 отсто, Демократите 24 отсто, а проевропската група АЦУМ 26 отсто од гласовите.

Владејачкиот сојуз предводен од Демократската партија ја изгуби поддршката поради распространетата корупција, падот на животниот стандард и повеќе недемократски мерки.