Врз основа на 98 отсто од пребројаните гласови на вчерашните парламентарни избори во Молдавија, кои би можеле да ги продлабочат поделбите меѓу Молдавците на прозападни и проруски, Социјалистие освоиле 31,4 отсто, Демократите 24 отсто, а проевропската група АЦУМ 26 отсто од гласовите.
Владејачкиот сојуз предводен од Демократската партија ја изгуби поддршката поради распространетата корупција, падот на животниот стандард и повеќе недемократски мерки.


