Најмалку петмина исчезнати во судир на бродови во Кина – ММС
ММС

Објавено на: 02/25/19 10:30 AM

Најмалку петмина исчезнати во судир на бродови во Кина

Поморската несреќа, во која најмалку пет лица се водат за исчезнати, се случила вчера во близина на градот Нингбо во кинеската провинција Зхејианг.

Новинската агенција Хсинхуа јавува дека дошло до судир помеѓу товарен брод и рибарско бротче, по што бротчето веднаш потонало. Спасувачките екипи трагаат по петтемина членови на екипажот на потонатиот рибарски брод.