Трамп: Расипаната Хилари беше во дослух со Русите – ММС
ММС

Објавено на: 02/25/19 9:33 AM

Трамп: Расипаната Хилари беше во дослух со Русите

Американскиот претседате Доналд Трамп повторно ја обвини својата ривалка од претседателските избори во 2016 година, тогашната кандидатка на демократите, Хилари Клинтон, дека била во дослух со руските власти.

– Единствен дослух со Русите имаа Хилари Клинтон и Демократскиот национален комитет – наведе трамп на „Твитер“.

Американските разузнавачки служби ја обвинуваа Русија за наводно мешање во предизборната кампања во 2016 година.