Казнети 31 возач за неплаќање на патарина, меѓу нив и девет полицајци – ММС
ММС

Објавено на: 02/24/19 4:54 PM

Казнети 31 возач за неплаќање на патарина, меѓу нив и девет полицајци

Контрола на патарините извршил тим од МВР и Државниот инспекторат за транспорт.Неплаќачите заработија казни.

Девет вработени во МВР и 22 граѓански лица, биле санкционирани оти не платиле патарина. Полицајците ја злоупотребиле службената легитимација, а останатите на различни начини одбегнале да платат.

Како што соопшти МВР, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во содејство со сообраќајната полиција и Државниот инспекторат за транспорт во петокот во периодот од 15 до 18 часот на дел од наплатните станици во Република Северна Македонија изврши контрола на возачи кои злоупотребуваат службени легитимации и т.н. флешери со цел одбегнување плаќање на надоместок за патарина.

Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се глоби во висина од 200 евра, а против полициските службеници кои ги злоупотребиле службените легитимации ќе биде поведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.