Државјани на Албанија во Ресен со нож расчистувале сметки – ММС
ММС

Објавено на: 02/24/19 1:23 PM

Државјани на Албанија во Ресен со нож расчистувале сметки

Во ресторан во Ресен,синоќа се степале тројца државјани на Албанија на една страна и еден на друга.Во тепачката користеле ножеви.

Во Полициската станица Ресен некаде околу 21.00 било пријавено дека во ресторан на ул.„Јосиф Јосифовски“ во градот настанала физичка пресметка помеѓу Б.О.(21), Л.А.(46), Т.Р.(33), од една страна и Р.Д.(51), од друга страна, сите од Република Албанија.Четворицата  работеле во Ресен.

Според информациите од Полицијата, во еден момент тие излегле надвор пред објектот, каде  Р.Д. на Л.А. со нож му нанел убодни рани, а на Т.Р. расекотина.

Веднаш по пријавата полициски службеници  излегле на местото на настанот. На лицата им била укажана медицинска помош во болницата во Битола, а потоа Б.О., Т.Р. и Р.Д. биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Ресен, а Л.А. бил задржан на лекување.

Од  МВР соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.