Македонец во Чешка измамил 70 Срби, оставајќи ги без работа и на студ – ММС
ММС

Објавено на: 02/24/19 12:37 PM

Македонец во Чешка измамил 70 Срби, оставајќи ги без работа и на студ

Група српски работници кои на 22 февруари заминале во Чешка за да почнат со ветената работа, се вратиле измамени и премрзнати од кратката авантура во таа земја. За измамата го обвинуваат извесен Александар Симиќ, кој така им се претставил, но, всушност, според нивните информации, станувало збор за Владимир Г. од Македонија, кој често, заради неговите измами, се претставувал со различни идентитети, пишуваат српски медиуми.

Пред тргнувањето од Белград, во автобусот работниците дури потпишале и согласност за добивање работа во чешката фирма „Континентал аутомотив“ која требала да им исплаќа по 4,2 евра од час, плус да им обезбеди топол оброк и сместување, пишува „Телеграф“.

Александар (Владимир) им зел по 50 евра за пат, плус сума за „осигурување“, а потоа им рекол дека тој треба да земе уште двајца работници и со автомобил по свтобусот ќе ги следи до Чешка. Но, во Чешка од него ни трага ни глас. Работниците 24 часа останале на улица на исклучително ниски температури. Потоа некои биле згрижени од нивни сонародници што работат во Чешка, а храна и вода им донел и заменик-градоначалникот на градот Френштат.