Свиња се опраси со 21 прасе кај Дервента – ММС
ММС

Објавено на: 02/24/19 10:11 AM

Свиња се опраси со 21 прасе кај Дервента

На имотот на Златко Чанчаревиќ во Осиње, кај Дервента, беа изненадени сите – нивната свиња се опраси со 21 прасе, пишуваат босански медиуми.

– Такво нешто во овој крај не се случило никогаш. Свињата обично може да се опраси најмногу со десетина прасиња. Навистина сме пресреќни – вели Чанчаревиќ за „Дервентски лист“.

Од 21, при породувањето преживеале 19 прасиња, кои семејството ќе ги сочува за проширување на фармата.