Хрватска пошта купува синџир од 1.000 киосци со 3.500 вработени? – ММС
ММС

Објавено на: 02/24/19 10:02 AM

Хрватска пошта купува синџир од 1.000 киосци со 3.500 вработени?

Хрватската пошта по се’ изгледа се подготвува од „Агрокор“ да го преземе ланецот на киосци „Тисак“. Иако уште нема официјални информации, хрватските медиуми наведуваат дека на тоа упатува огласот објавен во „Народни новини“, во кој Хрватска пошта барала советички услуги за преземање стопански субјект.

Вредноста на зделката Хрватска пошта ја проценува на 1,5 милиони куни, а стопанскиот субјект што има намера да го преземе, како што се наведува, има 3.500 вработени и околу две милијарди куни промет.

„Тисак“ е со седиште во Загреб и има колу 1.000 киосци низ цела Хрватска.