Двојници на Трамп и на Ким Џонг уапсени во Ханој – ММС
ММС

Објавено на: 02/24/19 9:06 AM

Двојници на Трамп и на Ким Џонг уапсени во Ханој

Виетнамските власти ги привеле на испрашување Расел Вајт и Хауард Екс, имитатори на американскиот претседаел Доналд Трамп и на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, пишува британски „Индипендент“.

Вајт и Екс трделе дека ги распрашувале 15 полицајци речиси три часа и оти ги предупредиле да се откажат од имитаците. Тие во изминатите неколку дена шетаа по улиците на Ханој, се фотографирале со граѓани, давале изјави за медиуми.

– Полицијата ни’ сугерираше да не се појавуваме во јавноста и да не изведуваме имитации заради наша безбедност, бидејќи Трамп и Ким, кои сега се во Виетнам, имале многу непријатели – рече Екс, чие вистинско име е Ли Хауард Хо Вун.

По полициското приведување, двајцата се вратени во хотел, кој нема да можат да го напуштат додека виетнамските власти не одлучат што ќе прават со нив.