Венецуела: Четворица загинати, дваесетина повредени и запалени камиони со хуманитарна помош – ММС
ММС

Објавено на: 02/24/19 9:02 AM

Венецуела: Четворица загинати, дваесетина повредени и запалени камиони со хуманитарна помош

Судирите и тензиите поради блокадата на хуманитарната помош за Венецуелците  не се смируваат. Откако претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, ги прекина врските со Колумбија и најави протерување на диплометскиот персонал, Богота соопштува дека дипломатите што побрзо ќе ја напуштат Венецуела.

Вчера во Венецуела загинаа четворица во судирите на границата со Бразил, додека на колумбиската граница изгоре камион со хуманитарна помош.

Мадуро одлуката за прекинување на дипломатските односи со Колумбија ја донесе откако таа земја се вклучи во кампањата на венецуелската опозиција за пристигнување хуманитарна помош во Венецуела. На колумбиските дипломати им е даден рок од 24 часа за напуштање на земјата.

Откако вчера еден камион изгоре, медиумите пренесуваат дека два камиона со храна и лекови се вратени во Колумбија, откако венецуелски војници кон нив истрелале солзавец.

„Ројтерс“ пренесува дека на мостот Симон Боливар, кој ги поврзува двете земји, се запалени два камиона со помош, откако наишле на венецуелски војници што ги вратиле. Според наводите на организации за човекови права, повеќе од 20 луѓе биле повредени во судири со војската