Ракометни еврокупови: Победа на „Вардар“, пораз на „Еурофарм работник“ – ММС
ММС

Објавено на: 02/24/19 8:57 AM

Ракометни еврокупови: Победа на „Вардар“, пораз на „Еурофарм работник“

Во синоќешните натпревари од европските ракометни купови, македонските претставници постигнаа половичен успех.

Во шампионсската лига скопски „Вардар“ славеше на гостувањето во Шведска кај „Кристијанштад“ со 32-30 (16-17), со што ја продолжува битката за втората позиција во групата, која во втората фаза ќе му донесе условно полесен противник.

Битолски „Еурофарм Работник“, пак, во ЕХФ-купот гостуваше во Нашице, Хрватска, и загуби од „Нексе“, кој е лидер во групата, со 23-18 (10-10). Ова беше трет меч и трет праз на битолчани во ЕХФ-купот.