Забрана за тешки товарни возила на патот Маврово-Дебар – ММС
ММС

Објавено на: 02/23/19 6:57 PM

Забрана за тешки товарни возила на патот Маврово-Дебар

Слаби врнежи од снег попладнево има во Маврово и северозападниот дел од државата, а забрана за тешки товарни возила е воведена на патниот правец Маврово-Дебар.

На останатите патишта низ државата, како што информира јавното претпријатие „Македонија пат” сообраќајот се одвива тековно по претежно суви коловози на пониските места и наместа влажни коловози на повисоките и осојничави места.