Во Далмација, дуваат урагански ветрови кој достигнуваат до 200 км/час – ММС
ММС

Објавено на: 02/23/19 6:23 PM

Во Далмација, дуваат урагански ветрови кој достигнуваат до 200 км/час

Студениот бран кој многу бргу се спушти на Балканот уште од ноќеска предизвика  голема и многу брза промена на времето на Балканскиот Полуостров.температурите се спуштија  за 15 степени, некаде и за повеќе. Најпогодена од ова невреме беше Далмација во Хрватска каде ветровите кои дуваа буквално личат на ураган и достигнуваат брзина и до 200 км/час.

Во Макарска се забележани удари на бурата дури до 191 км/час, додека во Сплит бурата достигна брзина до 176 км/час. Ова е дефинитивно најсилната бура во историјата.