Манчевски: Неколку дена пред Конгресот на СДСМ ќе биде познат кандидатот за претседател – ММС
ММС

Објавено на: 02/23/19 4:43 PM

Манчевски: Неколку дена пред Конгресот на СДСМ ќе биде познат кандидатот за претседател

Кандидатот за претседател , кој ќе го поддржи СДСМ и коалиционите партнери ќе биде познат на јавноста неколку дена пред конгресот на СДСМ, што е закажан на 3 март, најави министерот Дамјан Манчевски.

-Во фаза на сме на консултации со другите коалициски партнери, но и надвор од коалицијата. Постои добра шанса да имаме заеднички кандидат, со повеќе политички партии и кандидат кој ќе биде пред се прифатен и прифатлив за поголем дел од граѓаните. Тоа е она што се обидуваме да го направиме сега и мислам дека сме на доста добар пат, ќе треба уште неколку дена за да се види, кој точно од повеќето кандидати ќе го поддржиме за Претседател, вели Манчевски.