„Во моментот на увидот, ординацијата е затекната затворена, по телефон е викнат сопствениокот кој е носителот на дејност согласно решение издадено од Министерството за здравство. Истиот е пензионер и нема вработено друг кадар во ординацијата. При надзорот од страна на докторот даден е податок дека операционата сала повремено му ја издава на користење на доктор Ѕвонко Николовски од ПЗУ Јанита во Скопје. Починатиот пацинет е третиран во оваа сала“, стои во соопштението на ДСЗИ.
Во врска со затекната фактичка состојба од страна на ДСЗИ записнички е изречена времена забрана за вршење на здравтвена дејнсот во наведената ординација со поставување на службена лента и во наредните деновови ќе следат соодветни инспекциски мерки и постапки.


