Невреме во Албанија: Прeвртени камиони, урнати билборди и семафор – ММС
ММС

Објавено на: 02/23/19 3:47 PM

Невреме во Албанија: Прeвртени камиони, урнати билборди и семафор

Невреме проследено со силен ветер и снежни врнежи ја зафати речиси целата територија на Албанија. Силниот ветер низ патиштата преврте три тешки товарни возила на различни места во околијата на Лежа.

Ветрот урна и многу билборди и вертикална сигнализација, откорна дрва и носеше покриви од куќи, а без струја останаа неколку делови во земјата. Во Албанија се вратија и снежните врнежи, кои ги има насекаде, па дури и во пристанишниот град Драч.

Снежната покривка е најголема во северниот и северосточниот дел на земјата што особено создава проблеми во одвивањето на сообраќајот на дел од автопатот Тирана-Кукс.