ФИФА вчера ја соопшти казната за Челзи од 600.000 франци и забрана за купување на играчи во наредните два преодни рока што секако е тежок удар за „сините“ гледајќи во каква ситуација се наоѓаат во овој момент. Од таборот на „сините“ најавија жалба, но барем според медиумите на Островот тешко е да се верува дека ќе има некаков ефект.
Под лупата на ФИФА се најде и Манчестер Сити.
ФИФА води истрага против „граѓаните“ поради двајцата Американци, Џорџ Дејвис и Доминик Одуро кои беа доведени во клубот во 2018 година. Двајцата фудбалери признаа дека тренирале и играле натпревари за младинците на англискиот клуб пред да наполнат 18 години.


