Го оперирале од хемороиди, починал од сепса – ММС
ММС

Објавено на: 02/23/19 12:18 PM

Го оперирале од хемороиди, починал од сепса

Пациентот, кој во многу лоша здравствена состојба вчера бил примен во ГОБ „8 септември“, но и покрај обидите на лекарите да го спасат, починал попладне во 18 часот, е 39-годишен маж од Ресен.

Според првичните информации, тој починал од сепса по операција на хемороиди во приватна здравствена установа во Скопје.

Хирургот што го оперирал бил вработен во приватна установа, а изнајмил сала во друга приватна болница каде во понеделникот бил опериран пациентот.

ДСЗИ (Државен санитарен и здравствен инспекторат) денеска почна вонреден надзор и во двете приватни установи и во „8.септември“, кој треба да утврди како пациентот се заразил со сепса, во какви услови била направена интервенцијата во приватната ординација, дали таа била направена според медицински протоколи или има лекарска грешка во случајот.

– ДСЗИ од утринава е излезен на терен и ја контролираме патеката на лекување на пациентот, од ГОБ „8. септември“, ПЗУ ординација за општа хирургија, а ако има потреба, и документацијата од матичниот лекар – изјави д-р Ирина Сотирова Бухова, директор на ДСЗИ.

Обдукција врз телото на починатиот нема да се прави, по барање на семејството.