Композиторот на хрватската химна почива во Нови Сад и им е неинтересен и на Србите и на Хрватите – ММС
ММС

Објавено на: 02/23/19 12:09 PM

Композиторот на хрватската химна почива во Нови Сад и им е неинтересен и на Србите и на Хрватите

Малку се знае дека Јосиф Руњанин, композиторот на хрватската химна „Лијепа наша домовино“, е погребан во Нови Сад, пишува белградски „Блиц“.

Неговата куќа во која што живеел во Нови Сад е урната во 2013 година, а за неговиот гроб се грижат поединци. Изгледа дека овој композитор како Србин од Хрватска не успеа да стане доволно популарен, па за него да се караат и Хрватите и Србите, што во други случаи го прават. Гробното место затоа сега му го плаќа „непознато физичко лице“.