Естонци спасиле волк од замрзната река мислејќи дека е куче – ММС
ММС

Објавено на: 02/23/19 10:47 AM

Естонци спасиле волк од замрзната река мислејќи дека е куче

Двајца работници од Естонија неочекувано станале јунаци кога од замрзната река храбро извлекле животно за кое мислеле дека е куче. Но, се работело за волк, кого Естонците веднаш го внеле во автомобил за што побрзо да го однесат „кучето“ на ветеринар.

Двајцата работници на брана на реката Парна ниту во еден момент не помислиле дека покрај себе имаат диво и потенцијално опасно животно, иако „кучето“ во еден момент им се причинило необично тешко. Само мислеле како да му помогнат на животното. Прво морале да го кршат мразот за да стигнат до „кутрето“.

Кај ветеринарот дознале дека спасиле волк. Од естонскиот Центар за заштита на животните истакнуваат и оти волкот се покажал како многу мирен и дружељубив.