Германската полиција соопшти дека дека еден работник во кланица се здобил со сериозни повреди откако мртва крава го „шутнала“ по главата. Во сооштението се наведува дека кравата во кланицата во Алеан била усмртена според прописите и закачена на кука за месо заради понатамошна обработка, пренесува АП.
Од полицијата велат дека кравата го „шутнала“ работникот по лицето, веројатно по нервен импулс за кој стручњаците сметаат дека не е невообичаен.
Работникот, кој има 41 година, е во болница.


