Правосилна пресуда на Радован Караџиќ ќе му биде изречена на 20 март – ММС
ММС

Објавено на: 02/23/19 8:23 AM

Правосилна пресуда на Радован Караџиќ ќе му биде изречена на 20 март

Радован Караџиќ, некогашниот претседател на Република Српска, на 20 март ќе добие правосилна пресуда од Меѓународниот суд во Хаг, пишуваат босанските медиуми. Тоа вчера го соопштил судот.

Хашкиот трибунал во мај 2016 неправосилно го осуди Караџиќ (73) на 40 години затвор. Прогласен е за винивен поради геноцидот во Сребреница, за прогон на муслимани и Хрвати во Босна и Херцеговина, тероризирање на жителите на Сараево со долготрајно гранатирање и земање на припадници на УНПРОФОР како заложници, настани што се случувале во периодот од 1992 до 1995 година. Со првостепена пресуда, Караџиќ беше ослободен од обвинувањата за геноцид во уште шест босански општини, на што обвинителите се жалеле и барале доживотен затвор.

Во притвор во Шевенинген Радован Караџиќ е од 30 јули 2008 година, откако десетина дена претходно беше уапсен во Србија.