Нацистичка пензија добиваат 184 граѓани на Словенија и 71 на Хрватска – ММС
ММС

Објавено на: 02/23/19 8:20 AM

Нацистичка пензија добиваат 184 граѓани на Словенија и 71 на Хрватска

Повеќе од 2.000 луѓе, од кои 71 во Хрватска, во февруари примиле пензија што им се исплаќа на некогашните нацисти, нивни соработници и лица што биле присилно регрутирани, објави вчера германското Министерство за труд, пренесуваат хрватски медиуми.

Вкупно 2.033 луѓе во светот добиваат нацистика пензија, која може да изнесува до 1.300 евра месечно.

Во Европа таква пензија примаат 1.532 лица, од кои во Полска се 573, во Словенија 184, потоа следуваат Австрија (101), Чешка (94), Хрватска (71) Франција (54), Велика Британија (34)…