Босанец протеран од Австрија, 45 пати фатен како вози без возачка – ММС
ММС

Објавено на: 02/22/19 7:37 PM

Босанец протеран од Австрија, 45 пати фатен како вози без возачка

Млад човек е протеран од Австрија бидејќи 45 пати управувал автомобил без возачка дозвола, а за овие прекршоци му се изречени казни во висина од 135.000 евра.

Станува збор за 23-годишник роден во БиХ, кој целиот свој живот го минал во Австрија.

Поради извршените прекршоци, му се заканува затворска казна од три години, пренесуваат порталите од БиХ.

Властите одлучиле човекот да биде протеран од Австрија бидејќи е осомничен за уште неколку прекршоци, меѓу другото и за комерцијална измама.

izvor:prescentar.mk