Вработените на КПУ Скопје потпишувале петиција за останување на Котевски на местото директор – ММС
ММС

Објавено на: 02/22/19 7:28 PM

Вработените на КПУ Скопје потпишувале петиција за останување на Котевски на местото директор

Вработените во КПУ Скопје изготвиле и потпишуваат петиција за поддршка на актуелниот директор Котевски и негово останување на сегашната позиција. Одзивот е масовен и речиси од сите вработени во оваа установа. Петицијата ќе биде објавена веднаш по добивањето!,објави 1тв.

Денеска, директорот на КПУ „Скопје“ Ѓоко Котевски изјави дека го прифаќа барањето на премиерот Зоран Заев и ќе поднесе оставка по вчерашните физички инциденти во кои учествуваа поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, кои се во притвор за настаните во Собранието на 27 април 2017. Додаде дека оставката ќе ја поднесе кога ќе заврши истрагата.

prezemeno:1tv